Saturday, April 08, 2006 ღ poetry ღ Ќе се расцутат трагите од мојата крв како кринот под бакнежот на Април, Макар што во нив сите мисли се сакати, и макар ти на ова да се смееш... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo ...Изутринава слегов во вените на својата крв и оттаму го извлеков последниот атом на својата болка. Па сега тебе ти го подарувам, без завештение, бидејќи знам : мојава душа нема да најде засолниште, кога со камшик е изгонета од твојата... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo Откинувам од срцето атом на болката и ти го подарувам тебе, за да го претвориш во Сладост... Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вените мои, по оние лудо расфрлани денови со крик од Болката и Пламенитата Љубов по две очи и две усни... Подбивај ми се, речи ми дека сум улава. Ах што ли можам - тоа мојата крв ме прогонува... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo ...Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката... и мое портре ако побараш... капка крв од моето тело и душа- ја имаш веќе... Моето идно име ме врзува засекогаш со тебе... Прости ми или проколнувај - сеедно. А јас се љубам, се проштевам и се заборавам... Едно само жалам : што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови... или барем нивната трага со мастило... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo |