Saturday, December 03, 2005

the sweetnes of the moment


Погледите им се сретнаа...повторно таа вечер...знаеше дека сака да го има... да ја има и тој неа... детската срамежливост ја снема во моментот кога беше близу... и повторно скриени погледи... скриени допири... зачекори тој... зачекори таа по него... танцуваа... танцуваа со страст и со љубов... а
нивниот танц беше ритуал... мала тајна... и ништо повеќе. Никогаш немаше повеќе... Овој сладок флерт секогаш завршуваше со сладок бакнеж во челото... но не и оваа вечер... не сакаше и оваа вечер да остане сама... Го сакаше него...
Ја зеде неговата дланка во својата... го повлече во најтемниот агол... Се бакнуваа... силно, страсно... Неговата рака се движеше низ нејзината коса... потоа почна да се спушта надолу... по грбот... под блузата... нејзините гради се топеа под неговиот допир... потоа пак надолу... и го подигна здолништето... Одеднаш се стивна... Ја немаше гласната музика... ги немаше здодевните лица... Се слушаше само нивниот забрзан пулс и тивките воздишки... Беа сами...Единствени... Тој и Таа... Адам и Ева во рајската градина... Допири и воздишки... страст и љубов...неговите раце на неа... неговото тело припиено до нејзиното...
А потоа голема експлозија... но слатка...
Доволно голема за да ја свати сета вистина и доволно слатка за да продолжи да живее за неа...
И надеж дека не е крај... А сепак беше...

Posted by le bitch :: 21:58 : 0 Comments:

Post a Comment

____(´*•.¸ (´*•.¸ ¸.•*´) ¸.•* )_____