Saturday, December 03, 2005

.:living on my own:.


И денес беше таков ден...
еден од "оние" денови... И денес не бев добра девојка... така ми рекоа... своеглава... неразумна... А зошто? Никогаш не сваќам... Сите се луди или нешто не е во ред со мене???Сакам да знам повеќе... да видам повеќе да чувствувам повеќе... Што има погрешно во тоа??? Дали е лошо тоа што сакам да чекорам по тревата со боси нозе... или да ја распуштам косата за ветерот да ми ја милува.... или можеби затоа што сакам да го чувствувам сонцето на моево голо тело? Никогаш нема да ги сватам...никогаш нема да ме сватат...не мораат а и не сакам... Јас пак ќе бидам своеглава, тврдоглава, неразумна и своја... ќе бидам среќна...

Posted by le bitch :: 21:32 : 0 Comments:

Post a Comment

____(´*•.¸ (´*•.¸ ¸.•*´) ¸.•* )_____