Thursday, January 10, 2008 long time no seen well, it`s been year and a half since i wrote my last post... i`m back... let`s hope that this time i`ll stay longer T for Technorati Technorati Profile Soooooo... i`m trying to do smt with this Technorati thing... this post is 4 that... ok... that`s all diesel nature lovers ..::: le balet :::.. Hopelessness Ќе се расцутат трагите од мојата крв како кринот под бакнежот на Април, Макар што во нив сите мисли се сакати, и макар ти на ова да се смееш... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo ...Изутринава слегов во вените на својата крв и оттаму го извлеков последниот атом на својата болка. Па сега тебе ти го подарувам, без завештение, бидејќи знам : мојава душа нема да најде засолниште, кога со камшик е изгонета од твојата... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo Откинувам од срцето атом на болката и ти го подарувам тебе, за да го претвориш во Сладост... Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вените мои, по оние лудо расфрлани денови со крик од Болката и Пламенитата Љубов по две очи и две усни... Подбивај ми се, речи ми дека сум улава. Ах што ли можам - тоа мојата крв ме прогонува... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo ...Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката... и мое портре ако побараш... капка крв од моето тело и душа- ја имаш веќе... Моето идно име ме врзува засекогаш со тебе... Прости ми или проколнувај - сеедно. А јас се љубам, се проштевам и се заборавам... Едно само жалам : што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови... или барем нивната трага со мастило... oOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOoOo ...И во моментот кога и ја намести шапката нешто во него заигра. Го почувствува нејзиниот мирис, прво мирисот на црната свиленкава коса, која се скриваше под големата шапка, потоа надолу до малите нежни уши , на кои висеа две големи бисерни обетки. Па вратот, белиот нежен врат со мирис на лотос, скоро сокриен со тенката марама. Неговите силни раце полека почнаа да се лизгаат од едната страна по нејзиното лице заруменето од студот, па по вратот, надолу по отворот на нејзината кошула, а од другата бавно по нејзините рамена, струкот и се доколковите. Таа безволно се противеше – Не можеш со мене така, јас не сум една од твоите малечки дами, не го сакам тоа. И не се плашам од тебе. - Знам дека не се плашиш- тивко шепна додека дланките и понатаму и го милуваа вратот и телото.- А знам и дека не се страмиш од мене- рече и тивко ја бакна во увото. -Како знаеш?- праша таа со од возбуда растреперен глас- како би можел да знаеш? - Знаеше дека те гледам додека се бањаше, знаеше а не рече ништо-рече и силно го вдиши нејзиниот мирис додека рацете му беа на нејзините гради. Таа се насмевна – можеш да гледаш колку сакаш, ти сепак ми го спаси животот.... но.... Тој за момент застана прашувајќи се- зошто го правам ова? Но чувствата беа посилни од разумот, страста му течеше низ вените како да секој ќе истече. Желбата да ја има неа, му го имашеопседнато умот и ја имаше контролата над неговите мисли. Ја сврти кон себе си и потоа силно ја турна на тревата. Почна да ја бакнува со страст каква што никогаш не почувствувал. Нејзините полни црвени усни нешно се отвораа под притисокот на неговите. Нејзиното лице се топеше под врелиот здив. Бакнувајќи ја по вратот почна да и ја отпетлува кошулата. Воздухот беше полн со страст а нивните воздишки силно одекнуваа во тишината. Одеднаш таа сопре, ја сврте главата и го симна погледот. – јас... не можам, не сакам... Меѓутоа тој не сакаше да попушти, не можеше да се воздрши, ја бакнуваше насекаде незнаејќи зошто го прави тоа. Таа упорно го одбиваше, а тој ја бакнуваше по целото лице, по малиот нос и големите црни очи. Почна силно да го турка, меѓутоа не можеше да се ослободи, не од него, туку од неговата страст. Тој ја спушти раката меѓу нејзините нозе и и го подигна здолништето. Бакнежи, допири, силни воздишки. И страст. Ја прифати неговата игра, одлучи да н ја послуша главата туку срцето... и онаа страст која вриеше и во неа... |